Поставени фотоволтаични панели на покривот на средното училиште во Илинден

Сподели

 

На покривот на СОСУ ,,Илинден” се поставени фотоволтаични панели, односно, фотоволтаична централа за производство на електрична енергија, во рамки на проектот „ИНОФИН“, Иновативен финансиски модел за поддршка при транзиција кон обновливи извори на енергија.

 

 

Увид во работните активности направија градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на средното училиште, Зоран Арсовски, кои истакнаа дека со поставувањето на фотоволтаичната централа ќе се придонесе во заштеда и намалување на трошоците за електрична енергија. Со поставувањето на овој прототип, преку партиципативен пристап со учество од сите засегнати страни може да произлезат иновативни решенија кои се применливи на локално ниво.

Фотоволтаичната централа за производство на електрична енергија е со моќност од 39KW, во целост ќе ги задоволи потребите на средното училиште од електрична енергија, а во летните денови  вишокот на енергија ќе се враќа во енергетската мрежа на ЕВН.