Постојан подем на односите со Хрватска

Сподели

 

Работна и пријателска средба во Шибеник со претседателот на Македонско-хрватската Тангента, Сашо Георгиевски и со Милена Георгиевска, главна и одговорна уредничка на списанието “Македонски глас”, што излегува на македонски јазик во Хрватска, и кои се своевидни достојни наши “амбасадори” во оваа земја.
 
“Државниот архив на Северна Македонија ќе биде еден од главните учесници на годинашната прослава на независноста на нашата земја, на 8 септември, што традиционално и свечено се одбележува во Шибеник, со своја изложба и промоција на книги од областа на нашата историја” – изјави по средбата директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.