Потпишан договор за признавање на пензиите помеѓу Албанија и Македонија

Сподели

thumbs_b_c_682b95ae54dc741546892c68705b5152

ТИРАНА (АА) – Албанскиот министер за социјална политика и млади, Бленди Клоси, денеска го прими Министерот за труд и социјална политика на Македонија, Диме Спасов. По средбата, беше потпишан договор меѓу Албанија и Македонија за признавање на пензиите, јавува Anadolu Agency (AA).

Во фокусот на средбата, исто така, беше и пазарот на трудот и соработката во однос на стручното образование. По билатералната средба во Министерството за социјална политика и млади, беше потпишан договор за меѓусебно признавање на пензиите меѓу Албанија и Македонија.

Во својот говор за време на прес-конференцијата, министерот Клоси истакна дека овој договор ќе послужи за евидентирање на стажот на стотици албански државјани кои моментално работат во Македонија и десетици македонски бизнисмени што започнаа свои бизниси во Албанија.

Во својот говор Клоси нагласи дека ова ќе го отвори патот за понатамошно унапредување и развој на заедничкиот пазар на трудот и размената на пазарот на трудот.

Министерот Спасов во својот говор истакна дека ова е многу важен договор меѓу двете земји којшто ќе ја олесни размената на работната сила на двете земји.

„Зголемувањето на комуникацијата и соработката ќе послужи за формирање на регионален заеднички пазар на трудот”, рече министерот Спасов.

Двајцата колеги се согласија дека треба да се подобри соработката во рамките на стручното образование и да се оствари поблиска соработка со цел на студентите од Македонија да им се обезбеди следење на образованиот процес во Албанија.

Двајцата министри разговараа и за можноста од соработка во областа на сезонското вработување за граѓаните од двете земји.

AA.COM.TR