Вести Македонија Ударни вести

Потпишан меморандум за Проект “Безбедни семејни паркинг зони”

Сподели:

“Безбедноста во сообраќајот е еден од главните приоритети на МВР, оттаму и како министер за внатрешни работи, но и како граѓанин, апсолутно ја поздравувам и поддржувам иницијативата на Автомото сојузот на Македонија за приклучување кон проектот за зголемување на степенот на сообраќајна безбедност, особено на оние популациски групи како што се во конкретниов случај бремените жени, односно мајките и дечињата до тригодишна возраст“ – изјави министерот Спасовски на презентацијата на проектот “Безбедни семејни паркинг зони“, при што беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу МВР и носителот на проектот Авто мото сојузот на Македонија, како и Министерството за транспорт и врски, ЗЕЛС, Факултетот за безбедност и Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство за заеднички активности околу негова реализација.

Проектот “Безбедни семејни паркинг зони“ го заслужува должното институционално внимание, полицијата е целосно отворена за соработка, за заедничко разгледување на сите идеи и предлози – како, кога, на кој начин ќе може сето тоа да се операционализира, а првенствено во интерес на нашите граѓани, односно во интерес на подигањето на нивото на сообраќајна безбедност“, нагласи министерот Спасовски.

Во склоп на проектните активности, планирано е обележување на посебно паркинг- место на паркинзите, резервирано за бремени жени и возачи на возила во кои се превезуваат деца до тригодишна возраст. Возилата на целните групи ќе бидат обележани со налепници.

Сподели: