Потрагата по трите лица со мотори изгубени на Плачковица среќно заврши

Сподели

 

Регионалниот ЦУК Штип, известува дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи е добиена информација за изгубени лица на планина Плачковица. Се работи за три лица со мотори, кои заедно со поголема група се упатиле од хотел „Бел камен“ (Радовиш) кон с. Зрновци.
 
Последен контакт со нив е околу 19:00 часот, при што кажале дека се заглавени во некоја кал на неодредена локација.
 
Во потрага беа вклучени: 15-16 лица со мотори кои биле во нивната група, едно полициско возило од Полициската станица ПС Штип на правецот Туртел – одмаралиште УГД, едно полициско возило од с. Зрновци кон Плачковица, околу 20-25 луѓе од поблиската фамилија на исчезнатите лица. Истовремено, било контактирано со Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани, кои се организираат да тргнат во пребарување. Биле известени и дежурните од ДЗС Скопје за превземање мерки во нивна надлежност.
 
Утрово, РЦУК Штип, извести дека од Планинарска служба Осогово со 4 лица и 1 теренско возило во 05:00 часот излегле на терен и пребарувале на ралција Видовиште, Латал – Бел Камен.
 
Според последните информации добиено од РЦУК Штип, едното од изгубените лица во 06:58 часот воспоставило контакт со член на фамилија и известил дека трите лица со моторите се заглавени во кал, па ноќта ја поминале на планината Плачковица и дека се во добра здравствена состојба.