Повик до коњаниците да се пријават за Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“

Сподели

 

Општина Крушево и Манифестацијата научно културни средби “Десет дена Крушевска Република”, во пресрет на одбележување на големиот празник Илинден и одржувањето на Манифестацијата, ги повикуваат сите заинтересирани претставници и учесници во коњаници да го пријават своето учество.

Во насока на ефикасна организација и пригоден пречек на коњаниците, здруженијата кои ќе учествуваат во коњаниците, ги повикуваме да го пријават своето учество најдоцна до 24 јули на следната електронска пошта: krusevska.republika@yahoo.com, велат од Општина Крушево.