Вести

Пожари во САД: 1.000 луѓе на терен, евакуирани 1.000 жители, уништени куќи

Сподели:

Околу 1.000 луѓе работат на гаснењето на пожарот со помош на хеликоптери. Евакуирани се жителите од 858 домови, а противпожарните екипи на терен работат без прекин

thumbs_b_c_0208d215c26abc24d7fb21463c5b7caa

КАЛИФОРНИЈА (АА) – Сушата и невидените високи температури доведоа до појава на неколку пожари ширум Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).

Пожарите зафатија и понатаму им се закануваат на населените подрачја. Пожарот што избувна на почетокот од оваа недела на планината Сан Габриел во близина на градовите Дуарте и Aзуса сè уште не е изгаснат, а се прошири на околу 2.000 хектари земјиште. Околу 1.000 лица работат на гаснење на пожарот со помош на хеликоптери.

Евакуирани се жителите од 858 домови, а пожарникарите на терен работат постојано. Во тек е истрагата за причините за пожарот, а официјални лица велат дека постои можност пожарот да избувнал по сообраќајната несреќа во која едно возило излета од патот по што се запалило.

Заменикот директор на Одделот за пожари во Лос Анџелес, Винс Пена, изјави дека прават сè што е во нивна моќ за да се стави пожарот под контрола.

„Во последните часови и временските услови одат во наша полза. Имаше намалување на температурата а работиме на тоа да изгаснеме што е можно повеќе пожари до новиот топлотен бран”, објаснува Пена.

Уште еден пожар избувна на подрачјето на Потреро, во близина на границата со Мексико, во југоисточниот дел на Сан Диего. Стотици луѓе беа евакуирани. Пожарот траеше три дена и зафати над 2.500 хектари земја, а досега уништи околу 13 куќи.

AA.COM.TR

Сподели: