Пратеничката Моника Зајкова на Медитеранска конференција ОБСЕ 2022

Сподели

 

Пратеничката Моника Зајкова, на 24 и 25 октомври 2022 година, во Јордан, ќе учествува на Медитеранската конференција ОБСЕ 2022 за унапредување на безбедноста и соработката во Медитеранот преку поттикнување на дијалогот за соработка меѓу медитеранските партнери на ОБСЕ.

Со оваа конференција во 2022 година претседава Република Северна Македонија и претставува значајна платформа за партнерство меѓу ОБСЕ и земјите од Медитеранот, т.е. земјите од Северна Африка и Блискиот исток. 

Пратеничката Зајкова ќе биде воведничар на една од сесиите на Конференцијата  и ќе има обраќање за „Унапредувањето на безбедноста и соработката во Медитеранот: улогата на младите“. 

Оваа значајна активност за нашата земја е во функција на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.