Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се враќаат во Собранието

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ нема да присуствува на собраниската седница – ова е одлуката по утринската координација на пратеничката група со лидерот на партијата Христијан Мицкоски, потврдуваат за ТВ 24 партиски извори.

Одлуката ќе ја образложи лидерот на партијата на прес конференција пред Собранието.

На првиот работен ден по новогодишните празници нова работна агенда во Собранието.

На пленарната седница на дневен ред се точките кои останаа незавршени од минатата година. На неа, во второ читање  е  законот за употреба на јазиците, кој е со европско знаменце и кој ги помина комисиските расправи на кои не помина ниту еден од предложените амандмани.