Предлозите за притвор за „Труст“ распоредени кај судии

Сподели

Предлозите на Специјалното јавно обвинителство за притвор на две лица од случајот „Труст“ се распоредени кај судии на претходна постапка и како што информираат од Основниот суд Скопје 1, и се очекува во текот на денот лицата да бидат повикани на распит. Судијата на претходна постапка има рок од 12 часа откако ќе го прими предлогот да го го закаже распитот.

Специјалното јавно обвинителство отвори нов случај под името „Труст“, во кој осомничени се три физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ Студеничани Скопје,  за учество на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ).

ЕЛЕМ им овозможил на конзорциумот од овие три фирми да остварат противправна имотна корист во износ од една милијарда денари или околу 17 милиони евра.

Од Специјалното јавно обвинителство досега не примиле покана да ги образложат своите предлози за притвор.