Прекинат прагот на алармирање во Скопје и Струмица

Сподели:

Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 22.12.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица, информираат од Министерството за животна средина.

Со тоа мерките и препораките за надминат праг на алармирање се прекинуваат. 

Сподели: