Премиерот на увид во процесот на чистење на линданот од малата депонија во „ОХИС“

Сподели

 

Премиерот Ковачевски заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и шефот на Делегацијата на Европската Унија Дејвид Гир денеска во кругот на фабриката „ОХИС“ ќе направат увид во активностите за отпочнување на процесот на чистење на линданот од малата депонија.

На настанот ќе присуствуваат и шефот на канцеларијата на УНОПС за Северна Македонија, Микела Телатин, националниот координатор на проектот, Сузана Андонова од Канцеларијата за ПОПс и претставникот на изведувачот „Полиеко“.