Пресуда за Гордана Јанкулоска за „Тенк“

Сподели

Денеска во Кривичниот суд ќе биде изречена пресудата за издвоената постапка за Гордана Јанкулоска за предметот „Тенк“.

Судењето за Јанкулоска почна на крајот на август годинава, откако обвинетата се породи. Нејзе и се суди посебно откако Судот го прифати барањето на адвокатите за лекарското боледување поради нејзината бременост.

Во „Тенк“ претходно беа осудени поранешниот премиер Никола Груевски на две години казна затвор и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски на 6,6 години затвор, за набавка на блиндирано моторно возило „Мерцедес С 600 Гард“ во вредност од 600 илјади евра.

Јанкулоска е обвинета според член 353 став 5 за злоупотреба на службената положба и овластување. Законот предвидува ако делото е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот да се казни со затвор најмалку пет години.