Пресуда за “ТНТ”: За Груевски 9 години, а за Јанакиески 3 години затвор

Сподели

 

Никола Груевски, Миле Јанакиески, Тони Трајковски и Елисавета Најдовска се прогласени за виновни во судскиот процес ТНТ, пренесува Телма.

Во периодот од 1-ви април 2012 до крајот на истата година, тогашниот претседател на Владата, Груевски заедно со министерот за транспорт Јанакиески, одлучиле да му се одмаздат на Фијат Цановски, заради неговата одлука да ја напушти владината коалиција со партијата ПЕИ и склучил коалиција со СДСМ. Груевски и Јанакиески искористувајќи ја владејачката моќ го поттикнале Тони Трајковски да ја злоупотреби службената положба кој бил градоначалник на Гази Баба предложен од ВМРО ДПМНЕ и незаконски да го сруши Космос кој бил граден од фирмата на Фиат Цановски.

Судот им додели девет години затвор на Груевски, три години затвор за Јанакиески, додека Трајковски доби 4 години, исто како и инспекторката Најдовска.