Вести Македонија Ударни вести

Претседателот Џафери го честита Денот на Азбуката – 22 Ноември

Сподели:

 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на Азбуката до припадниците на албанската заедница.

“Дозволете ми во име на пратениците на Собранието и во мое лично име, со особена радост да Ви упатам срдечни честитки по повод еден од најзначајните албански празници, 22 Ноември – Денот на Азбуката, со искрени желби за бескрајни успеси и напредок на Албанците каде и да се.

Битолскиот конгрес, пред точно 114 години, беше собирот кој го донесе најценетиот продукт за еден народ, унифицираната азбука со која пишуваме, читаме и го шириме нашиот јазик, култура, обичаи, посебности и фолклорни традиции и уште поважно, азбуката со која се роди и го започна својот пат националната борба за културно осамостојување на светско ниво и силна поддршка на националниот идентитет и политичкото осамостојување на албанскиот народ.

 Посакувам празникот да го поминете во свечена атмосфера, со убави мисли и дела, како што и доликува на овој ден.

Честит 22 Ноември!”

Сподели: