Претседателот Џафери на Конференција во Европскиот Парламент

Сподели

 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе учествува на Конференцијата „Поддршка на парламентарната демократија ширум светот: Градење на демократска отпорност “ во организација на Европскиот парламент и Групата за поддршка на демократијата и Координација на изборите (ДЕГ). Конференцијата ќе се одржи во Европскиот парламент во Брисел, на 29 и 30 ноември 2022 година и истата е во знак на одбележување на 10-годишнината од поддршка на демократијата ширум светот.

Претседателот Џафери ќе биде воведничар на две сесии, односно на воведната сесија на тема „Десет години ЕП ја поддржува демократијата ширум светот – што постигнавме и што научивме?“ на 29 ноември 2022 година и на втората работна сесија на тема „Креирање парламентарна демократска култура преку дијалог и градење консензус“, на 30 ноември 2022 година.

На маргините на Конференцијата, претседателот Џафери ќе одржи билатерални средби со повеќе европратеници, меѓу кои и пратениците Ќучук, Валсман и Шидер кои се активно вклучени во Жан Моне Дијалогот на Собранието и Европскиот Парламент.

Согласно вообичаената пракса, Кабинетот на претседателот навремено ќе достави соопштенија и фотографии од обраќањата и билатералните средби.