Претседателот на ЕП Давид Сасоли во Скопје

Сподели

 

Давид Сасоли, претседателот на Европскиот Парламент, денеска ќе престојува во земјава. Ова е негова прва официјална посета надвор од Европската Унија.

Сасоли ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со собранискиот спикер Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со лидерите на парламентарните политички партии, и ќе се обрати во Парламентот.

На почетокот на посетата, Сасоли ќе ја отвори Јуроп Хаус (Europe House) во просториите на Делегацијата на Европската Унија и ќе се придружи на дебатата со амбасадорот Самуел Жбогар и ученици од средни училишта на тема „Визијата на младите за ЕУ“.