Претседателот Пендаровски денеска потпиша Укази за прогласување на повеќе закони кои се усвоени од Собранието

Сподели

 

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, денеска попладне ги потпиша Указите за прогласување на повеќе закони кои се усвоени од Собранието на Република Северна Македонија:

* Закон за неевидентирани лица во матична книга на родени;

* Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик;

* Закон за Јавното обвинителство;

* Закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители;

* Закон за изменување и дополнување на Законот за одбрана;

* Закон за изменување и дополнување на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците;

* Закон за изменување на Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги;

* Закон за заштита на личните податоци;

* Закон за изменување и дополнување на Законот за урбано зеленило;

* Закон за управување со движењето на предметите во судовите.

Во однос на барањето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Пендаровски да не го потпишува Законот за Јавно обвинителство, претседателот укажува дека согласно член 75 од Уставот „Претседателот е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“, а Законот за јавното обвинителство спаѓа во тие закони.

Претседателот Пендаровски, исто така, укажува дека за евентуалните приговори во однос на уставноста на некој закон, секој граѓанин може да поднесе иницијатива до Уставниот суд на Република Северна Македонија како надлежен државен орган.