Вести Македонија Ударни вести

Претседателот Пендаровски положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Сподели:

 

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на државниот свечен настан и одбележувањето по повод раѓањето на Гоце Делчев.

 

 

Во чест на 151 годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност, претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Покрај претседателот Стево Пендаровски, свежо цвеќе положија претставници на државниот врв, министри во Владата, пратеници во Собранието и претставници на политичките партии.

Сподели: