Вести Македонија Ударни вести

Причина за пожарите во Кичевско е човечкиот фактор

Сподели:

Причина за неколкуте пожари кои се уште се активни на територијата на општина Кичево е човечкиот фактор.

На страната на селото Попојани и шумските подрачја кои се поврзуваат со селото Строгомишта избувна пожар, кој предизвика големи материјални и еколошки штети, а исто така и во селото Вранештица се гледа како горат дрвја

-Според првичните информации што ги поседуваме човечки фактор е причина за појава на пожарите. Затоа апелираме до граѓаните да не палат оган на полиња и на отворен простор. Од такви места огнот се шири низ многу делови и продира на највисоките планински површини, се наведува во соопштението на општината.

-Ги поттикнуваме граѓаните да ја зголемат грижата за несоодветни акции и да ја зголемат својата совест, бидејќи негативните последици нè повредуваат сите нас.

Пожарникарите цело време работат на терен за да ги изгаснат пожарите, но нивниот капацитет не е голем, со оглед на регионот што го покриваат, се вели во апелот.

Сподели: