Приведено лице во Скопје поради предизвикување пожар

Сподели:

Утрово, полициски службеници од Единцата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(32) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 03.30 часот, по претходна расправија со неговиот 55 – годишен татко, во дворот од семејната куќа со запаливо средство опожарил мотоцикл сопственост на неговата мајка, информираат од МВР.

Според пријавеното, тој се обидел со запаливо средство да предизвика пожар и на куќата, но бил спречен од соседите. А.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели: