Продлабочување на соработката со Хрватските архиви

Сподели

 

Пред одржувањето на Хрватското годишно архивско советување во Шибеник, директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески оствари средба со директорката на Државниот архив – Шибеник, Наташа Мучало, на која беа разменети искуства за работата на двата Архива и за можностите за продлабочување на меѓусебната соработка.
 
Во рамките на дводневната посета на Шибеник, беше реализирана и средба со директорите на Градската библиотека и на Музејот на град Шибеник, Вилијам Лакиќ и Бруно Бакус.
 
 
 
 
Во разговорите со нив е констатирано дека постојат многу блиски односи меѓу двете држави и дека соработката во областа на културата придонесува за поголемо зближување на двата народа и на двете земји.
 
Во организација на ,,Македонско-хрватската тангента”, со седиште во Шибеник, беше организирана и македонска литературно-музичка вечер, на која покрај директорот, д-р Емил Крстески и државниот советник, м-р Сашо Јанкуловски, учествуваа, Милена и Сашо Георгиевски, први луѓе на Тангентата, а пред бројната публика настапи на пијано и маестро, Дејан Кузманоски.