Вести Македонија

Продолжува собраниската дебата за импичмент на Иванов

Сподели:

327154-zakonot-za-amnestija-na-kriminalci-ne-dobi-zeleno-svetlo

Собранието денеска ќе ја продолжи расправата по предлогот на опозицијата за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, поради аболицијата.

Собраниската расправа за одговорноста на Иванов почна во понеделникот, откако минатата недела собраниска комисија ја оценуваше основаноста на предлогот што го поднесоа СДСМ и нивните коалициски партнери, а е поддржан од пратениците на ДУИ.

Најмалку 82 пратеници треба да гласаат за предлогот на СДСМ за да се почне постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на претседателот.

http://meta.mk/prodolzhuva-sobraniskata-debata-za-impichment-na-ivanov/

Сподели: