Денеска во касарната „Страшо Пинџур“ Петровец, претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоција на оклопни возила STRYKER.
Оклопните возила STRYKER се набавуваат од САД како дел од договорот за опремување на АРМ со лесни оклопни возила.
Во рамките на соработката со САД се реализираат два договори на принципот Влада-со-Влада, станува збор за лесните оклопни возила од типот JLTV и STRYKER. До овој момент се пристигнати сите JLTV – лесни оклопни возила вкупно 96, а на овој настан се промовираат првата испорака на дел од возилата STRYKER, 17 од предвидените 42, информираат од владата.
На презентацијата ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-шефот на Мисијата на Амбасадата на САД, Никол Варнс, и командантите на Командата за операции и првата пешадиска бригада.
фото АРМ


