Вести Македонија Ударни вести

Пронајдена марихуана во вредност од над 500.000 евра во дебарско

Сподели:

 

Денеска, во 01.05 часот на Банишко поле, во близина на граничната линија со Република Албанија, во атар на село Аме-Дебарско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Блато“ , Регионален центар Запад пронашле 10 (десет) поголеми најлонски пакувања со марихуана.

 

 

Извршен бил увид и било констатирано дека во пакувањата има марихуана со вкупна тежина од околу 200 килограми со  вредност  од над 500.000 евра, информираат од МВР. 

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Сподели: