Пронајдено детето кое беше пријавено дека се изгубило на плоштадот Скендер бег

Сподели

 

Вчера, околу 16 часот е пронајден шестгодишен малолетник, кој неколку часа пред тоа беше пријавен од неговата мајка дека се изгубил на плоштадот Скендер бег во Скопје, информираат од МВР.

Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности од полициски службеници од СВР Скопје за пронаоѓање на детето и тоа е пронајдено кај негово другарче во стан во истата зграда каде и тоа живее.