Вести Македонија Ударни вести

Протест на здравствените работници пред Клиничкиот центар и ГОБ „8 Септември“

Сподели:

 

Здравствените работници денеска ја користат паузата за протест пред Клиничкиот центар и ГОБ „8 Септември“ во Скопје, преку кој бараат да се потпише Колективен договор за израмнување на платите според последната корекција на минималната плата од 2022 година, како и неисплатениот регрес.

Дел од синдикатите на здравствените работници, како што е независниот медицински синикат се повлекуваат од најавите за тужби кон ФЗО и нема да организираат протести, откако почна исплатата на јануарската плата.

Освен во Скопје, протести на здравствените работници истовремено се одржаа и во други градови низ државата.

Пациентите што ќе дојдат нема да бидат вратени, потенцираат од синдикатот. Освен синдикатот на клинички, со исти барања, ќе протестираат и здравствените работници кои членуваат во независниот синдикат за здравство при ССМ.

Сепак, дел од синдикатите на здравствените работници, како што е независниот медицински синикат се повлекуваат од најавите за тужби кон ФЗО и нема да организираат протести, откако почна исплатата на јануарската плата.

Дополнително, протестот се организира и поради незадоволството од незаконското доцнење на платите, поради хакерскиот напад на системот на Фондот за здравство.

Сподели: