Градот Скопје ги известува граѓаните дека во четврток и петок на 20 и 21 август во раните утрински часови ќе спроведе авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци.
Додека, терестична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против комарци, ќе започне на 23.08.2026 (недела) и ќе трае до 26.08.2026 (среда), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
фото Град Скопје


