Вести Македонија Ударни вести

Прв состанок на Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје за 2023

Сподели:

 

Координација на активностите на општините во градот Скопје со посебен осврт на координирана акција за справување со загадувањето, институционално постапување за интегрираните еколошки дозволи, чистење на дивите депонии, заедничко постапување за справување со комуналните проблеми, како и нови мерки за ограничување на тешките товарни возила низ општините беа темите на кои разговараа градоначалниците на скопските општини со градоначалничката на Градот Скопје.

„Денеска заседаваше Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје, со главна цел конкретни решенија за предизвиците со кои се соочени општините. Изготвен е акциски план, се започнува со реализација, а со секоја координација ќе се надополнува планот соодветно на состојбата на терен. Непоходно е да соработуваме сите за да имаме побрзи решенија за кои е неопходна координација и заеднички активности. Само со меѓусебна соработка ќе постигнеме брзи решенија”, истакна на средбата градоначалничката Данела Арсовска.

Координативното тело на градоначалници под Градот Скопје согласно Закон, делува во интерес на граѓаните, а на седниците се разгледуваат прашања од заеднички интерес на општините под градот Скопје и се изнаоѓаат навремени и ефикасни решенија. На седницата присутни беа шест градоначалници на општините под надлежност на град Скопје и тоа Сарај, Карпош, Чаир, Кисела Вода, Аеродром и Центар.

Сподели: