Вести Македонија Ударни вести

Прва градска биотехнолошка лабораторија во Скопје

Сподели:

 

Првата градска биотехнолошка лабораторија во Скопје ќе биде отворена денеска, во 11 часот, во СУГС „Марија Кири-Склодовска“. На настанот ќе се обратат Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП, Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ и градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска.

-Со отворањето на оваа биотехнолошка лабораторија од УНДП, УНИЦЕФ и Град Скопје, се формира Национална иницијатива за трансформација на биоотпад и биотехнологии која ќе поттикне иновации, образование и да инспирира ангажман и активност од различни заедници во земјата за изнаоѓање решенија за заштита на животната средина. Со оваа прва градска лабораторија учениците, студентите и академскиот сектор, како и граѓански сектор, претприемачите, иноваторите, ќе можат да експериментираат со трансформација на биоотпадот како и со биотехнологии како влезна точка во создавањето претприемачки можности за позелена иднина.

Сподели: