Вести Македонија Ударни вести

Прва пресуда за мобинг против судија: Панчевски осуден за мобинг

Сподели:

Поранешниот претседател на Основниот суд скопје 1, Владимир Панчевски, вршел мобинг врз вработениот во човечки ресурси, Горан Стаменковски. Вака одлучи Основниот суд скопје 2 по тужбата на Стаменковски против Панчевски.

Ова е прва пресуда за мобинг против судија, односно претседател на суд кај нас. Судијката која денеска ја донесе одлуката, рече дека Панчевски има право на жалба до Апелациониот суд Скопје. Панчевски не е претседател на судот веќе една година, раководи тричлен кривичен совет, а конкурирал повторно за претседател на Основниот суд Скопје 1.

Екс претседателот Панчевски не се појави на соопштувањето на пресудата, туку присутен беше само неговиот адвокат Димитар Дангов. По изрекувањето на пресудата, ниту тужителите ниту застапникот на тужениот не сакаа да дадат изјави. Незадоволните страни имаат правио на жалба на ваквата одлука.

Сподели: