Вести Македонија Ударни вести

Распишан е конкурсот за избор на идејно решение за паркот во Карпош

Сподели:

 

Град Скопје го распиша конкурсот за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за новиот парк во Општина Карпош.

Конкурсот е општ и анонимен и право на учество имаат сите правни и физички лица.

 

Рокот  за предавање на конкурсните трудови  е 16.03.2020 година, а оценувањето на трудовите ќе го врши жири комисија составена од вработени во Град Скопје.

Вкупниот награден фонд за конкурсот е 620.000 денари и тоа:

– Прва награда 310.000 денари;

– Втора награда 185.000 денари;

– Трета награда 125.000 денари;

Предложениот дизајн  треба да одговори на потребите на сите граѓани на Градот Скопје, меѓутоа и на оние во станбените населни во негова непосредна близина. Истиот треба да биде корисен, фунционален и одржлив преку оригинални, креативни и иновативни идеи.

Урбаната опрема треба да ги задоволува сите старосни групи, да биде ергономска, функционална, безбедна, како и лесно пристапна и одржлива.

Сите применети материјали, како и дизајнот во целина треба да се карактеризираат со трајност, квалитет и да се во согласност со најсовремените светски стандарди за ваков или сличен тип на објект.

 

Конкурсот може да го најдете на следната интернет врска:

 

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/6bb55d52-38d2-4fd7-a749-794156d56133/6

 

Сподели: