Вести Македонија Ударни вести

Расправа на ДИК за роковникот за Локалните избори 2017

Сподели:

Државната изборна комисија  денеска ќе одржи седница на која треба да го разгледа и усвои Предлог – роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на Локалните избори 2017. година за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје (6 август – 15 октомври 2017 година).

На дневен ред на седницата се и барањата до Министерство за внатрешни работи, согласно членовите 41, 43, 45 и 49 од Изборниот законик и до Министерство за информатичко општество и администрација, согласно член 32 од Изборниот законик.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, вчера, согласно со роковите утврдени со Изборниот законик, го потпиша Решението за распишување на Локалните избори, кои според законските одредби, ќе се одржат на 15 октомври годинава.

Сподели: