Разбојништво, убиство во обид, физичка пресметка

Сподели

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Ѓ.(43) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.05.2025 полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што биле пронајдени и одзeмени марихуана и семки од растението канабис. 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.Т.(26) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид. На 11.06.2025 во семејниот дом, пријавената со остар предмет им нанела убодни рани на нејзината баба Н.С.(70) и нејзиниот дедо П.С(78).  

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.С.(24) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“. На 29.05.2025 на две локации во Битола, пријавениот со употреба на физичка сила им ги одзел чантите на А.В.(28) и Л.М.(57), двете од Битола и им нанел повреди.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Г.М.(61) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“. На 21.03.2025 на место викано „Бараки – Стара Слога“ во Ресен, пријавената на дива депонија запалила ѓубре, по што пожарот се проширил во близина на бараки и куќи.  

На 15.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.С.(29), А.К.(30) и 37-годишната Х.Р., сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. 

На 15.06.2025  околу 21 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, патничко возило „рено“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(51) од с.Галичани, прилепско, удрило во М.Б.(49) од Прилеп, кој туркал велосипед. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Б., констатирани во Општа болница Прилеп, каде што подоцна им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 15.06.2025 околу 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локален пат во с.Младо Нагоричане се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.П.(19) и патничко возило „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ж.С.(76), двајцата од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ж.С., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово. 

На 15.06.2025 во 11.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Пере Тошев“ во Скопје, малолетник од Скопје, кој управувал електричен тротинет, паднал на коловозот. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Р.(36) и М.Р.(61), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 09.06.2025, полициски службеници извршиле претрес во нивниот дом, при што пронашле и одзеле пиштол калибар 9 мм, две празни рамки, 115 куршуми различен калибар, кокаин, таблети МДМА, мобилен телефон и други предмети. Судија на претходна постапка на И.Р. му определил мерка притвор во траење од 30 дена и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.   

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.А.(52) од Швајцарија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.06.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и хашиш. 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против З.С., полициски службеник во ПС ОН Тетово поради основано сомнение дека сторил кривично дело „оддавање на службена тајна“, предвидено и казниво по член 360 став 1 од Кривичниот законик. Пријавениот како службено лице – полициски службеник во 2023 и 2024 година  прибавувал податоци што претставуваат службена тајна на начин што имал увид во билтенот за дневни настани на МВР и анекс планови за планирани акциски контроли и активности по казина и угостителски објекти планирани и преземени од полициски службеници од СВР Тетово, УЈП, ДПИ и ДИТ. Прибавените податоци ги сторил достапни на физичко лице вработено во казино.

На 14.06.2024 околу 23.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека  на  булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(36)  од Куманово и мотоцикл  „сузуки“  со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ж.Д.(37) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ж.Д., констатирани во Општа болница Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово. 

На 15.06.2025 во 12.23 часот  во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив во бессознание била донесена А.Ф.(36) од село Матејче, општина Липково. Според пријавеното, таа се здобила со повреди од струен удар додека чистела во дворот од семејната куќа, во близина на машина која била во дефект. Увид бил извршен. 

На 15.06.2025 во 19.45 часот во СВР Скопје, А.О.(29) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.06.2025 во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Личеновски“ од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранско стакло од патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Т.Б.(71). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

На 15.06.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје, В.Ѓ.(39) од Скопје, пријавила дека околу 11.00 часот во парк на подрачјето на Драчево, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од 42-годишната Љ.К. од Скопје. Се  преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 15.06.2025 во 22.58 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, К.Б.(59) од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечил нејзиниот син З.М.(38) од Скопје, кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

На 16.06.2025 околу 02.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.,Апостол Петков“ во Гевгелија било опожарено патничко возило „мицубиши“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б.(36) од Гевгелија. Пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија и се работи на расчистување на случајот.  

На 15.06.2025 во 12.50 часот од Полициската станица Валандово било пријавено дека настанал пожар на катастарска парцела „Подкалучково“ во атарот на с.Јосифово, при што биле зафатени сува трева, нискостеблести дрва, дива депонија, дел од покрив на објект со имот од лозов насад, сопственост на А.К.(35) од с.Јосифово. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Валандово, а повредени лица нема.