Вести Македонија Ударни вести

Реализирана акцијата за целосно чистење на Камениот мост

Сподели:

 

Изминатите денови по налог на Град Скопје екипите на јавните претпријатија Комунална хигиена, Улици и патишта и Бригадата на противпожарна заштита на Град Скопје во заедничка акција целосно го исчистија Камениот мост. 
 
На екипите од јавните претпријатија  на терен им помагаа пожарникари коишто ги чистеа непристапните  делови на мостот. Се пристапи кон целосно чистење на диво изникнатата вегетација на самите столбови на Камениот мост и целосно беа отстранети отпадоците што несовесните граѓани ги фрлаат во испакнатите делови на столбовите.
 
Во текот на акција екипите собраа пет кубни метри отпад, односно пластични шишиња, лименки, вегетација и друг вид на отпадоци. 
Пожарникарите на терен користеа јажиња, скали и други помагала за да ја завршат успешно заедничката акција за темелно чистење на Камениот мост, кој како национално културно наследство е еден од најзначајните знаменитости на градот Скопје.
 
Градот Скопје продолжува со спроведување акции за чистење и отстранување на отпадот во сите населени места, како и објектите од јавен интерес за почиста животна средина за сите граѓани.
Сподели: