Редовна прес-конференција на портпаролот Миле Бошњаковски

Сподели

Редовна прес-конференција на портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски

-“Во основа не постојат некои конфликти или судири како што пишуваат медиумите. Вчера имавме владина седница на која работите функционираат редовно и тековно. Како некој толкува одредени изјави, тоа сепак е во рамки на слободата на изразување. Во секој случај, работата на Владата како институција е тековно и немаме никакви проблеми” -рече Бошњаковски на редовната прес-конференција во Владата.