ЗАЕВ: Регионалниот Регистарски портал прерасна во сервис на деловната заедница и граѓаните

Сподели

Премиерот Заев денеска имаше свое обраќање на 16-тата годишна конференција на Форумот за корпоративни регистри во организација на Централниот Регистар.

-Иницијативите за регионално и меѓународно поврзување кои ги презема Северна Македонија и институцијата домаќин на Форумот – Централен Регистар, имаат заедничка цел: Развој на Република Северна Македонија на глобално ниво, промовирање како земја со поволна деловна клима како за странските така и за домашните инвеститори, генерално отворање на македонскиот пазар и развој на капитални инвестиции. Како стожер во креирањето на деловната клима во земјата и промотор на дијалогот помеѓу приватниот и јавниот сектор, Централниот Регистар прерасна во електронски сервис на деловната заедница и граѓаните во Северна Македонија.

Токму затоа преставува значаен инпут во формулирање на барањата преточени во реформските инцијативи и политики на Владата кои се насочени кон зголемување на растот на стопанството, промовирање на здрава и поволна деловна клима и промовирање на нашата земја како поволна дестинација за инвестиции – изјави премиерот Заев, при поздравувањето  на пуштањето во употреба Регионалниот Регистарски портал од страна на Агенцијата за деловни регистри на Република Србија и Централниот Регистар на Република Северна Македонија, поддржан од Европската Банка за Обнова и Развој. .

-Како дел по пошироката рамка на Берлинскиот процес за Западен Балкан, Регионалниот Регистарски портал претставува еден од фундаменталните инфраструктурни проекти за поврзување на регионот. Со него се обезбедува слободен проток на информации и деловни потфати и креирање на заеднички пазар, а формирањето на управниот одбор на Порталот беше токму овде во октомври минатата година. Успехот на тој процес, од една страна, ќе се придонесе за обезбедување на поголем пазар за домашните субјекти, а од друга страна, ќе ги поттикне директните странски инвестиции во целиот регион – изјави Заев.