“Граѓаните не се виновни затоа што општините не донеле ДУП и затоа се укинува нестандардниот приклучок, односно сите ќе плаќаат по 370 евра без разлика на која локација се наоѓаат” – се вели во соопштението на РКЕ.
Oд Регулаторната комисија информираат дека се намалува и цената за одвојување на броилата, што ќе чини 200 евра, или 300 евра помалку од досегашната цена.
Исто така, се намалува и цената што корисниците ќе ја плаќаат за повторен приклучок доколку биле исклучени поради неплатени сметки. Оваа услуга ќе чини 440 денари, а повторниот приклучок ќе се врши во најбрз можен рок, додека претходно се плаќаше околу 1.700 денари за повторно приклучување.