„Рејтинг“: За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 29,9, а за СДСМ 28,6 проценти од граѓaните

Сподели

anketa1

За ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија би гласале 29,9 проценти од испитаниците, а за СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија 28,5 проценти од испитаните граѓани покажува новата анкета направена од агенцијата „Рејтинг“, а по нарачка на телевизијата „24 вести“.

За Коалицијата ВМРО за Македонија би гласале 3,3 проценти од испитаниците.

Анкетата покажа дека неопределени се 8,5 проценти од испитаниците, а на прашањето за кого би гласале, одбиле да одговорат 12,5 проценти од испитаните граѓани.

Што се однесува до албанските партии, за ДУИ би гласале 6,8 проценти од испитаниците, потоа следува Беса со 3,2 проценти, ДПА со 2,8 проценти и Алијансата за Албанците со 2,7 проценти.

Од помалите политички партии за Левица би гласале еден процент од испитаниците, за Либералната партија 0,9 проценти, за Коалицијата за промени и правда и ПДП 0,2 проценти од испитаните граѓани.

Анкетата била направена во периодот од 24 до 30 ноември на 1.200 испитаници.

meta.mk