Република Северна Македонија доби покана да стане рамноправна членка во БСЕК

Сподели

 

На покана на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, во улога на земја претседавач со Организацијата за црноморска  економска  соработка, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, денеска во Софија учествуваше на 40-тиот Состанок на Советот на министрите на Организацијата за црноморска  економска  соработка.

 

 

На маргините на Состанокот, министерот Никола Димитров оствари средба со ЗПВРБ и МНР на Република Бугарија, Екатерина Захариева. МНР Димитров изрази благодарност за поддршката и ангажманот на бугарското претседателство со БСЕК што резултираше со покана за членство на Северна Македонија во оваа значајна организација, што ќе се официјализира штом нашето Собрание ќе ја ратификува Повелбата. Се разговараше и за претстојната исклучително важна соработка во рамките на Берлинскиот процес. Во однос на билатералните односи, се потврдија заложбите од двете страни за имплементација на Договорот за пријателство.

На денешниот 40-ти состанок на Советот на министрите на Организацијата за црноморска  економска соработка, Република Северна Македонија доби покана да стане рамноправна членка на оваа организација.

По тој повод, министерот Димитров имаше обраќање во кое ги изнесе придобивките и можностите кои ги нуди членството во оваа Организација, преку продлабочување на заемното почитување, доверба и соработка, во духот на пријателство и добрососедство:

 

Црноморската економска соработка (БСЕК) се појави како ветувачки модел на мултилатералната политичка и економска иницијатива со потпишувањето на Декларацијата од самитот во Истанбул и изјавата на Босфор од страна на Шефовите на држави и влади на земјите од регионот, на 25 јуни 1992 година. Со влегувањето во сила на својата Повелба на 1 мај 1999 година, БСЕК се стекна со меѓународен правен идентитет и се трансформираше во полноправна регионална организација- Организација за црноморска економска соработка.

Во БСЕК членуваат 12земји (Албанија, Ерменија, Азербејџан, Бугарија, Грузија, Грција,  Молдавија, Романија, Русија, Србија, Турција, Украина). Северна Македонија ќе стане полноправна членка по ратификација на Повелбата на БСЕК.