Решени 1.300 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk

Сподели

 

На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1438 барања, од кои решени се 1.300. Најголемиот број граѓани на овој мејл пријавиле проблеми  и барања  за поставување заштитни столпчиња на тротоарите, за чистење диви депонии,  проблеми со улични кучиња, возниот ред на автобусите и уличното осветлување низ градот.

На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени, информираат од Град Скопје.