Резултатите на пациентите кои денеска се тестираа на корона вирус се негативни

Сподели

 

Резултатите на 7-те пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на корона вирус. Денеска се тестираа пациенти од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип.

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА: Вториот, повторен тест на лицето од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип е негативен на коронавирусот. И првиот тест на пациентот од Кочани беше негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повтори.