Вести Македонија Ударни вести

РКЕ: Грејната сезона завршува денеска, но парно ќе има и по 15 април

Сподели:

 

Грејната сезона во Скопје завршува денеска, но РКЕ и ЕСМ информираат дека топлинска енергија ќе продолжи да се испорачува за граѓаните на Скопје и по 15 април.

„Со оглед на временската прогноза која најавува пониски температури за недела, понеделник и вторник, трите компании кои го обезбедуваат парното греење во Скопје, БЕГ, Скопје Север и ЕСМ-Енергетика, ќе продолжат да испорачуваат топлина, регулирано согласно утврдените правила и дијаграми, во зависност од атмосферските услови и надворешните температури во различни периоди од денот“, информираат од АД ЕСМ.

Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од страна на РКЕ, снабдувањето со топлинска енергија може да се врши и по 15 април, но не подоцна од 30 април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени, според податоците од Управата за Хидрометеоролошки работи на Р.Северна Македонија.

Сподели: