Вести Македонија Ударни вести

РСБСП: НАМАЛИ ЈА БРЗИНАТА, ТИ СИ ОДГОВОРЕН!

Сподели:

 

Како последица на неодговорното учество во сообраќајот, изминатата година во Република Северна Македонија, 132 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди а 5164 лица се повредени.  Половина од сообраќајните незгоди со загинати лица минатата година се случиле во периодот од месец мај до месец септември.  Имајки ја во предвид ваквата состојба РСБСП со пораки совети и апели за безбедно лето и за одговорно учество во сообраќајот.

„Оваа лето безбедноста нека ти биде на прво место!“  „ Вози одговорно, има некој кој те сака и кој те чека безбедно да се вратиш дома!“  „Брзото возење изнудува грешки кои најчесто завршуваат фатално!“ „Безбедното возење не е право на избор, безбедното возење е начин да преживееш!“- се само дел од пораките кои РСБСП ги упатува до учесниците во сообраќајот.

 

 

 

Брзо возење, возење под дејство на алкохол,  замор, деконцентрација, непочитување на поставената сообраќајна сигнализација се водечки причини за предизвикување на сообраќајни незгоди во летниот период.  Најчеста причина со најсериозни последици по животот и здравјето на учесниците во сообраќајот е брзото возење.  Водејки се од ова  РСБСП уште еднаш ги потсетува  возачите на најважните обврски и одредби од ЗБСП кои се однесуваат на брзото возење, а кои треба секогаш да ги почитуваат како внимателни, совесни и одговорни возачи и личности:

•  Возачот е должен да ја прилагоди брзината според условите во кои се одвива сообраќајот и според состојбата на патот.

•  Брзината на движење е ограничена согласно условите на патот  и истата е одбележена со соодветен сообраќаен знак.

•  Брзото возење  ја загрозува безбедноста во сообраќајот и истото се санкционира со парична казна до  400 Евра во денарска противвредност, во зависност од тежината на сторениот прекршок, односно од големината на пречекорувањето на брзината.

• Брзото возење претставува закана за времено одземање на возачката дозвола до 12 месеци.

Брзото возење ве прави нервозни и агресиви. Агресивните и брзи возачи немаат можност да уживаат во  возењето и се соочуваат со голем број на стресни ситуации додека возат.

• Брзото возење значи поголема потрошувачка на гориво и негрижа за возилото.

Почитувајте ги  правилата и прописите во сообраќајот, особено правилата за ограничување на брзината затоа што животот не дава втора шанса.

НАМАЛИ  ЈА БРЗИНАТА, ТИ СИ ОДГОВОРЕН!

Сподели: