Вести Македонија

РСЕ: Одбраната на Груевски бара прислушуваните снимки да не бидат доказ

Сподели:

Новинарите привремено по барање на Кривичниот суд се отстранети од судењето за случајот „ТНТ“ на СЈО во кој обвинет е и поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Одбраната бара како доказ во предметот да не се користат прислушуваните материјали поврзани со случајот за кои судот во моментов расправа и кои не се можност да ги слушнат новинарите кои го следат рочиштето, бидејќи се работело за класифицирани материјали. По што судот ќе донесе одлука дали таканаречените бомби ќе ги прифати како доказ, пренесува Радио Слободна Европа.

Судијката Татјана Михајлова рече дека се работи за подготвително рочиште на што реагираше обвинителката Фатиме Фетаи која очекувала дека денеска ќе има главната расправа за предметот. Одбраната побара и на обвинителството да не му се дозволи заштитен сведок. Мијахолова рече дека имало и технички пропусти во доказите приложени од СЈО и и порача на Фетаи да нсе се обидува судскиот процес да го претвори во циркус.

На новинарите не им беше дозволено да ги снимаат обвинетите по нивно барање. По паузата на новинарите ќе им биде овозможено да се вратат во судницата. Рочиштето се однесува на нарачаните шамари за градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски и насилните протести пред општината.

И поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески кој е на листата на обвинети, присуствува на судскиот процес. Обвинението е поднесено против 14 лица за кривично дело насилство, и тоа, за пет лица како поттикнувачи на насилството и девет лица како директни извршители на насилството.

slobodnaevropa.mk

Сподели: