Вести Македонија Ударни вести

Рударите ќе се пензионираат на 50 години

Сподели:

Владата денеска усвои измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кои се предвидува рударите да се пензионираат на старосна возраст од околу 50 години.

Како што соопштија министрите за труд и социјална политика и за економија, Мила Царовска и Крешник Бектеши, измените наскоро ќе бидат доставени на гласање во Собранието, а ќе почнат да се применуваат од почетокот на идната година.

При пресметките за основа ќе се зема бенефицираниот стаж.

– Рударите ќе можат да остварат право на старосна пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Тоа значи дека ако сега рудар се пензионира со навршени 58 години, со новото решение ќе се пензионира на околу 50 години – објасни Царовска на заедничката прес-конференција.

Сподели: