Рускоска: Интерпол без образложение одбива да ги објави потерниците за Груевски и Бошковски

Сподели

-“Централата на Интерпол одбива да ја објави меѓународната потерница за поранешниот премиер Никола Груевски кој доби азил во Унгарија”, – изјави обвинителката Вилма Рускоска пред почетокот на Конференцијата за напредокот во борбата против организираниот криминал и корупција.

„Последните информации од Интерпол Македонија се дека централата на Интерпол одбива да ја објави потерницата и дека не даваат образложение“, рече Рускоска.

Таа додаде дека за предметот што го води за организаторите на настаните во Собранието на 27 април 2017, преку полицијата побарала да бидат распишани домашна и меѓународна потерница.

Интерпол не сакал да објави меѓународна потерница и за поранешниот началник во УБК, Никола Бошкоски кој е избеган во Грција.

„Барањата за пет други лица кои беа недостапни во првиот предмет што ги испративме со наредба за истрага и решение за притвор и докази, Интерпол без проблеми ги прифати и ги објави потерниците. Но, за Груевски и Бошковски воопшто не сакаат да ги објават иако се работи за истото кривично дело“, рече Рускоска.

Вели дека не знае зошто Интерпол не ги објавува потерниците иако барањето е доставено пред повеќе од два месеца.

meta.mk