Рускоска: Јакимовски е осомничен за кривично дело злоупотреба на службената положба

Сподели

Во врска со утрешното приведување на ексградоначалникот Јакимовски, според обвинителката Вилма Рускоска, Јакимовски е осомничен за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување за што биле поднесени 4 кривични пријави и за него и за двајца вработени во општината се бара притвор. Шестмина инвеститори се повикани на разговор и за нив се бараат мерки на претпазливост.

Станува збор за злоупотреба на службанеат должност и овластувања, став 5 во врска со Член 45, бидејќи станува збор за продолжено кривично дело – изјави обвинителката Рускоска.