Вести Македонија Ударни вести

Рускоска: Очекувам до крајот на мај обвинение за организаторите од „27. април“

Сподели:

Обвинителката Вилма Русковска очекува обвинение за организаторите на 27. април, кон крајот на мај.

Прв на листата осомничени во таа истрага е поранешниот премиер Никола Груевски, но не очекува Груевски  да се врати во земјава и да даде исказ во обвинителството.

Останатите обвиненија се за сопартијците Миле Јанакиески, Спире Ристовски, екс директорот на УБК – Владимир Атанасовски.

„Добар дел од сведоците кои планирав да ги сослушам, ги сослушав. Оваа недела тече распитот на обвинетите. Следната недела веројатно ќе се договорам со одбраната да извршат увид во доказите а исто така, ќе видам ако треба уште некој сведок да се сослуша бидејќи ќе ја привршувам веќе истрагата“, изјави Рускоска.

Сподели: