Рускоска за бегството на Груевски: Клучните докази од Албанија не ги добивме и се друго се индиции

Сподели

 

Обвинителката Вилма Русковска во денешното гостување во 24 Отворено изјави дека има поднесени две кривични пријави од анонимни граѓани против Камчев и неговата сопруга за давање поткуп, една за него, друга за сопругата.

За истрагата за бегството на Груевски, Русковска изјави дека нема докази за тоа, има сознанија, но како обвинител не може да си дозволи сознанија без докази да изнесува во јавноста.

„Клучните докази од Албанија не ги добивме и се друго се индиции и сознанија за кои не можам да зборувам. Ние испитувавме дали тие пропусти се направени како резултат на сторено кривично дело. Не успеавме да докажеме до сега дека било кој сторил кривично дело во врска со бегството на Груевски.“ – рече Русковска.